РИБИ ( 23.02 - 22.03 )
Како последица на влијанието на вашиот знак Риби вие сте свесни за се што се случува во вашата околина како и во вашиот внатрешен свет. Знакот Риби е најголемиот сонувач во зодијакот. Вие вероватно сте еден од најголемите мечтатели на светот и често се наоѓате себеси како сонувате непрактични планови и идеи. Вие ги апсорбирате идеите и сфаќањата на оние околу вас, независно дали од тоа ќе излезе нешто добро или лошо. Вашите одлуки може да бидат прифатливи, но некогаш се емотивни и необични.
Често своите одлуки ги донесувате врз основа на своите чувства и интуиција и имаат многу малку или воопшто немаат врска со фактите. Креативни, духовни и често малку мистични, вие можете да бидете непрактични и нелогични. Вие сте нерасположена и замислена личност и на другите им е тешко да ве разберат. Понекогаш може да ви е тешко и самите да се сфатите себеси. Вашиот темперамент варира од оптимизам до краен песимизам.
Иако можете да бидете страмежливи и скромни, вие водите сметка за вашиот статус и напредувањето во областа во која ги вложувате своите напори. Вие може да се чувствувате ранливи и нервозни ако не сте сигурни во својот статус и околностите. Вашата гордост е длабоко скриена, но ако на било кој начин е повредена вие реагирате емотивно. Сочувствителни, толерантни, љубезни и нежни, вие лесно паѓате под влијание на други, затоа што несакате никого да повредите. Секогаш шармантни и пријатни, вие секогаш сте добри кон несреќните.
Вие ги сакате животните исто како што ги сакате и луѓето. Вие сочувствувате со сите несреќи на светот, вклучуваќи го секое залутано животно и секоја несреќна душа која ќе ја сретнете. Вие повеќе се грижите за доброто на другите, отколку за своето и сакате да ги спасите луѓето од нив самите. Вие лесно се соживувате со нечија приказна за лошата среќа и често дозволувате да бидете употребени. Вие секогаш сте на располагање како рамо за плачење за вашите пријатели кога тоа им е потребно. Постојано луѓето ја искористуваат вашата сочувствителна природа. Aко влијанието на вашиот знак Риби, не е ублажено од другите влијанија на вашата натална карта, вие вероватно страдате од комплекс на инфериорност.
Вам вероватно ви недостасува адекватно чувство на самодоверба, затоа што сте многу чувствителни, срамежливи и самокритични. Вие никогаш не се чувствувате дека доволно сте сработиле, па често претерувате со работа, при што стресот се манифестира на вашето физичко тело. На својот тивок начин вие многу постигнувате. Затоа што вие имате вродена склоност да се преработувате, вие мора да си подарите себеси добар дел време за да избегате од се, дури и пожелно е тоа да биде во потполна изолација. Знакот Риби повеќе отколку другите знаци ја црпи својата сила или слабости од другите фактори во хороскопот. Природата на Рибите е многу прилагодлива и флексибилна. Вие можеби ќе треба да се изборите за чувството на сигурност и да научите да одолевате на импулсите на моментот.