БЛИЗНАЦИ (23.05 - 22.06 )
Како последица на влијанието на вашиот знак Близнаци вие сте мисловно ориентирана личност. Вие го разбирате и се вклопувате во светот околу вас, а исто така се разбирате и себеси, преку својата мисла и интелигенција. Помнењето, споредувањето, анализирањето и вербализацијата на вашата ментална имагинација се вашите омилени активности.
Вие се трудите да ја надградите својата личност со ментална отвореност на мноштво нови идеи и факти, постануваќи блиски со постојаното зголемување на различните аспекти на човековата природа. Следствено, јазикот и симболичните искази, напишани или кажани, се вашите примарни извори на материјални средства во животот, но воедно се и потенцијални стапици. Вашата реторичност, духовитост и виталност, вашиот талент за јазици, непобитно ви дава моќ над другите луѓе (преку комуникација) и нештата (науката и техниката). Но, во крајни граници оваа надареност може да води кон бесцелно брборење. Затоа е од големо значење за вас да најдете вентил за вашиот порој од вербални искази, вие мора да објаснувате, комуницирате и зборувате. Aко се справите со тоа, ќе се поштедите себеси од страдање.
Вашиот порој од зборови е израз на вашата витална енергија, доказ дека сте живи и добри. Aко сте присилени да молчите, ќе бидат разнишани врските што ве држат во единство. Може да излезе на површина еден вид на двојност или поделеност на вашата личност... се сеќавате на др. Xекил и господин Хајд? “Тие” беа класичен случај. Поради горе наведените причини, вам ви е вродено да бидете друштвени и пријателски настроени. Вие се спријателувате брзо и лесно. Вашите контакти и врски ви се важни, затоа што тие ви овозможуваат да се надградувате, тие се извор на самопотврдување и идентификација. Секој вид на играње е исто така важен за вас и само силна депресија може да ја скроти вашата разиграност. Некогаш партнер за игра наоѓате и во себе само за да се забавувате, играќи различни улоги од животот и тоа само онака, за разонода. Вашата ведрина и духовитост ви даваат талент за импровизација и прилагодување. Сепак, прилагодливоста е нож со две острици.
Вие сте склони да преземате површни обврски, при што запоставувате некои многу важни идеи за да можите да се движите слободно. Вие сте исто така чувствителни, но вашите емоции и чувства некогаш се објекти на инспекција и цензура на вашиот интелект. Следствено, вие не можeте да се предадете на силни емоции без да ги идеализирате до одреден степен и да им дадете интелектуална позадина. Загрижни за вашите ирационални инстинкти и нагони, вие имате тенденција да ги контролирате и потиснувате. Но вие ќе мора да научите дека интелектот не е семоќен, посебно кога ќе бидат засегнати инстинктите. Потиснуваќи го комплексниот внатрешен свет, вие некогаш се чувствувате незаштитени од агресиите на надворешниот свет. Затоа што најпрво и најмногу се потпирате на својата прилагодливост и итрина за да се заштитите од непријатности, вие може, во одредени околности, попрво да се определите на двосмислен компромис со себеси, посебно ако вашиот лажен морал е направен од восок (што често е случај), наместо од челик. Слабостите кои мора да ги надвладеете се нестабилност, дволичност, недостаток од доследност и одреденост во вашето мислење.