БИК (23.04 - 22.05)
Како последица на влијанието на вашиот знак Бик вие сте практичар: во вашиот дух нема место за утописки идеи и илузии. Кога се ќе тргнe надолу, вашата внатрешна сила и издржливост ќе ве водат право во сржта на материјалниот свет, без заобиколувања и грешки. Тогаш вие постанувате фундаментален креатор и произведувач.
Основен мотив за вие да создавате е самото задоволство на креирањето, на секое ниво. Иако вашата вродена смисла за материјалното, вашата приземност, можат некогаш да го ограничат вашиот дух само во областа на материјалното, тоа сепак ви дава моќ да ги материјализирате своите согледувања. Вашата материјална посесивност е една од вашите очевидни особини.
Вие сте човек со свои убедувања. Вие верувате во своето дејствување и својот пристап кон луѓето и нештата. Чекореjќи со крупни чекори напред, вие не се запирате туку продолжувате уште подалеку и станувате уште поефикасни. Вие сте свесни за обврските што ве очекуваат, и знаете дека ваша должност е да креирате и создавате. Како резултат на тоа за вас е многу важно да бидете длабоко навлезени во својата кариера, и да чувствувате дека вие навистина се доближувате до целта која вам ви е важна. Вие сте доследни и практични, и вашиот живот и дух се внимателно организирани.
Импровизирањето не е ваш стил, напротив, вие однапред го планирате тоа што сакате да го работите, потоа упорно се држите до својот план и внимателно чекорите до остварувањето на својата цел. Заради ваквиот начин на работа, на другите може да им изгледа дека сте многу бавни и дека вложувате премногу труд во работата. Но мислењето на другите вам малку ви значи, вие судите за себе според плодовите на својот труд. Вашите достигнувања предизвикуваат кај вас гордост, затоа што вие нив ги гледате како потврда на својата вредност.
Работната етика е длабоко закоренета во вас, така што вие напорно работите и сте многу одговорни, вие добивате лична сатисфакција и компензација преку сознанието дека вашите можности никогаш нема да згаснат затоа што вашата внатрешна сила и способност се стабилни и сигурни. Единствената негативност е тоа што вашата приземност и упорност може да ги ограничат вашите интереси на ниски хоризонти. Капацитетот за работа ви е во релација со потребата за себе-посветување. Вие сте во состојба потполно да се посветите себеси на некоја голема идеа, со сета своја сила и знаење што ги поседувате, ако верувате дека тоа е вашата главна цел.
Вашиот главен проблем е да најдете личност или причина што ќе претставува цел во вашиот живот, затоа што ако згрешите и залутате во стапицата на некоја лоша околност, во која постои ризик, вие ќе претрпите големо назадување. Затоа, изборот на основната вредност која ќе го одреди вашиот живот и судбина треба да биде плод на долг процес на опстојно и сестрано размислување. Aко не најдете смисла во својот живот, вие тогаш ќе бидете подложни на апатија и мрзливост. Вашата склоност кон сензуални задоволства како добра храна и пијалок, ќе земат замав, што ќе го оневозможи вашето потполно созревање и чувството на исполнетост. Вие сте динамични, имате потреба да ве почитуваат и да го ослободувате својот вишок на енергија.