РАК ( 23.06 - 22.07)
Како последица на влијанието на вашиот знак Рак, вие сте чувствителна личност која е сензитивна на влијанието на својата околина. Вие веројатно премногу сакате да ги заштитите своите чувства, како и чувствата на оние кои ви се блиски. Вашите емоции се многу силни и вие му приоѓате на животот со многу чувства и нежност. Вашето расположение е променливо, тоа е во синхронизација со влијанието на Месечината, надоаѓа и си оди како плима и осека. Вие сте потполно свесни за чувствата на сите околу вас.
Вие сте недоверливи и скептични кон луѓето. Вам не ви кажува многу тоа што го кажуваат, туку како го кажуваат и како вие тоа го сфаќате. Вие имате потреба да ги кажете своите најдлабоки мисли. Aко тие околу вас на се восприемчиви, вие станувате личност до која тешко може да се допре. "Тмурниот" дел од Ракот се јавува од време на време. Кога ова ваше расположение не е под контрола во вашето однесување, можете некого да го клукнете по глава, без никаква причина. Луѓето со кои живеете ќе треба да научат дека не сте им навистина лути. Едноставно, такви сте понекогаш и тоа е се. По природа сте тивки и на некој начин резервирани, постојано се повлекувате или поставувате заштитна бариера кога се чувствувате загрозени на било кој начин.
Вие сте во постојана врска со минатото. Вие имате тенденција да се приврзувате за предмети кои претставуваат спомени, како и фотографии од вашата фамилија и изминатите времиња. Многу Ракови ги привлекува собирањето на антиквитети. Вие веројатно сте личност која собира едноставно се. Вам ви е тешко да се разделите од некој предмет, ако постои можност да ви притреба во некој "дождлив ден", независно колку далеку е таа можност. Вие му давате голема важност на домот и фамилијата. Вашето семејство или " семејството на ваши пријатели" е центар на вашиот живот. Тие ви даваат чувство на припадност и сигурност. Вашата улога во вашето опкружување е изворот на вашата самопочит и често закрила на вашата индивидуалност.
Тешко ви е да прекинете со вашето рано воспитување и да се разделите од семејните обичаи кои сте ги доживеале. Ракот и кај двата пола дава родителски инстинкт кој ве прави грижливи, заштитнички расположени и предани. Дури и Раковите кои не се во брак ги прифаќаат своите пријатели, соработници и соседи како своја поширока фамилија. Вредни и посветени на работата, вие сте одличен работник. Вие сте лојални и ги почитувате претпоставените. Тоа ве прави да бидете подршка и заштита на својот шеф и ретко ја доведувате во прашање политиката на компанијата. Вам ви паѓа тешко да се справите со промени и нарушувања на установениот ред. Aко вие сте шеф, вие исто така сакате вработените да бидат посветени на работата како вас. За несреќа, некогаш може да се опкружите себе си со луѓе кои секоја ваша постапка ја одобруваат. Вие не ги земате во предвид можностите или било каков ризик за зголемување на позитивните промени. Парите ви се многу важни. Не за тоа што можете да го купите или слободата која ќе ви ја овозможат, туку за чувството на сигурност што го нудат. За раковите најважно е да имаат место каде ќе се чувствуваат сигурни и заштитени.