ВАГА ( 23.09 - 22.10 )
Како последица на влијанието на вашиот знак Вага, вие имате искрена и самокритична природа. Вашите посебни внатрешни квалитети ви овозможуваат да ја согледате вистинската природа на луѓето кои ги среќавате, ситуациите во кои се наоѓате и објектите што ги гледате. Вие ја имате способноста да ги разбирате нештата интуитивно. Оваа способност се заснова на вашата отвореност спрема другите. Како резултат на тоа вие имате нагласено чувство за припадност во група, и вие побрзо би го жртвувале своето его отколку да ги занемарите своите обврски во општеството, или да не ги исполните обврските кон луѓето кои ви се блиски.
Некогаш другите ве сметаат за неозбилни и недоверливи како последица на одредена нелојалност и користољубивост. Но овие се сепак површни карактеристики. Вистинската причина за вашето однесување е психолошко, и се состои во фактот што вие сте готови да сторите се за да ја одржите хармонијата во групата (или едноставно да ги задоволите очекувањата на другите). Вам понекогаш ви недостига себе потврдување и тоа го прави вашето однесување контрадикторно и недоверливо во ситуации кога е потребно да донесете некои не многу важни одлуки. Понатаму вие ја имате способноста на камелеон да се прилагодувате во најразлични ситуации и со најразлични карактери. Следствено вие имате доста голем успех во заедницата и вие добро напредувате преку своите пријателства, партнерства и љубовни врски.
Вашиот дух е зачудувачки флексибилен, поставуваќи продуктивни забелешки и аранжираќи хармоничност меѓу луѓето и идеите. Целата ваша емоционална енергија е вложена во желбата да учествувате, да се мешате и разменувате. Додека свесно вие многу сакате да бидете пријателски настроени, несвесно вие се обвинувате себеси за вашата неможност да ја постигнете својата идеална цел, која секогаш некако испаѓа како да ве заобиколува. Ова е причината поради која кај вас има периоди на обесхрабреност после кои следат периоди на повторно предано заложување во своите работни обврски или групни проекти. Затоа што вие сте секогаш во потрага по перфектна група, која ќе претставува идеал за соработка, вие некогаш очајувате затоа што никогаш неможете да ја најдете. Вие имате вродена склоност за наоѓање на заедничко тло за луѓето, да измирувате различни мислења и погледи, и вие сте дел од секој аранжман што промовира соработка и пријателство. Затоа што вие не сте агресивни по природа, вие знаете како да создадете мир, вие сте способен дипломат. Како резултат на вашата отвореност кон општеството вие сте блиску поврзани со околината.
Друштвото во кое се движите има голем удел во формирањето на вашиот карактер и темперамент. Низ општествени контакти и пријателства, вие имате изградено личен код на етика кој ги има усогласено општествените норми и вредностите на вашата фамилија, пријателите и тие релации вие ги имате прифатено. Многу важно е за вас да најдете начин за да ги усогласите овие компоненти затоа што во спротивно ќе се чувствувате малку изгубени и збунети. Вие имате потреба од признание. Вие некогаш му давате преголемо значење на мислењето на другите луѓе за вас. Вие сакате да бидете сакани и да сте опкружени со разбирање, и се чувствувате трогнати од пофалбите исто како што и се вознемирувате од критиките.
За вас се од витално значење другите и несакате изолација. Емоционалните функции имаат централно место во вашата психа, и средбата со сродна душа ќе претставува пресвртница во вашиот живот. Затоа што вие сте свесни за претходно реченото, вие наоѓате задоволство во тоа да влегувате од една во друга врска без да се смирите, во потрага по страсна љубов. Вие сакате да шармирате и да бидите шармирани, и поседувате суптилна уметност на заведување. Вие уживате во тоа да разговарате и да се смеете. Вие имате способност да алудирате на некои работи, а да изгледа како да водите љубезен разговор. Вие имате големи општествени аспирации.
Вие верувате дека ако постигнете тотална контрола врз својот интелект, чувствата и инстинктите, дека ќе можете да победите. Вие ја инвестирате сета своја енергија во своите врски и партнерства.